голем (прид.) - мајстор (имн.)

Народот од нас чека помош и заштита.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Голем мајстор си! - го пофали началникот од Сер. - Си играш со турската власт како мачка со глушец...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Така и направив… Пред да започне концертот го најавија него, големиот мајстор на Оргули Оливие...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
„Централен став”: тука треба да се види врвна игра на интелигенцијата, разонода на надмоќен дух во потрага по единството на светот, по некаков Glasperlenspiel, според Herman Hesse, во кој големите мајстори на една необична уметност жонглираат со сите елементи на човечката култура како со многубројни разнобојни куглички, за без престан да се забавуваат со сложувањето на нивните бои во виножито. 18 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
(...) Апстрактната уметност непобитно е легитимна, но “декаденцијата” на “модерната” уметност никаде појасно не се согледува отколку таму каде што единствено се имитира “гностички” потресената субјективност на големите мајстори, каде што само “апстрактно” се компонира и ништо повеќе.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Дури ни оној грош што не мислеше да му го даде на проклетиот непоп Отец Симеон, на тој голем мајстор на малите злочини.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Има сосема ретки детаљи, видливи само на големите мајстори, како моментот кога билкот бегајќи низ прозорецот „летна врз ѕидот преполовен на средина“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Само големите мајстори на пишувањето можат толку многу да кажат во толку малку текст!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас сум последниот што бев со Големиот Мајстор пред неговото заминување од Градот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А постојано неуспешни обиди да се допрат големите мајстори на играта.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Еден од големите Мајстори на Играта, во годината на својата смрт, рекол: „Обидот е сѐ!“ Како бил во право!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во заоставштината на Големиот Мајстор на Играта се најдени неколку тетратки во кои тој, по свој обичај, си забележувал попатни размислувања.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
На крајот би сакал да признаам дека по неколуте темелни читања на оваа поетска книга, во огледалото ми остана едно по малку зачудено „смајли”, како халуциноген потпис на оваа ретка поетска објава, на оваа силабичка брканица, која ме потсети на големиот мајстор на џезот, Телониус Монк, на оваа длабоко доживеана и искрена лирска понорница, која проблеснува со силината на Пикасовиот и Клеовиот „свесен инфантилизам”, кој е врв во артикулацијата на најчистото, најпримарното и најиманентното во човека, кое го тера да создава и пресоздава...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
- Ене ја, ѓаволе. Голем мајстор си штом си можел да ја натераш да се снове по нас кон Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Станувајте, викал Арсо Арнаутче; се наведнал над најмладиот и го затресол; се клештел со задоволство на сезнајник на чија дланка лежат сите тајни на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко му е голем мајстор, го знае тоа тој.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Паметам, јас и моите врсници бевме уште деца кога истиот тој Бунде нѐ искачи во високата кула среде градот со единствена цел да не фрапира вадејќи ја од панталоните назрејаната скапоценост со глава на лисец.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што се однесува до Јана и Катерина, нив ги сметав за обични марионети во рацете на големиот мајстор на манипулациите, на човекот кој според моите сознанија влезе во животот предводен од својата машкост!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Газдата Спиро Михаилов лично ми рече: "Твојот човек, госпоѓо беше голем мајстор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Докторот Грличков ги креваше рамињата, како крилата оние мали птици од гнездата, додека се подучуваат да полетаат: „Не знам, навистина не знам, госпоѓо, како можеше самиот да си стори толкаво зло!“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Штета што се случи она што не требаше да се случи“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Може ваперот ти ја мрднал секирата, му рече и наместо тутун на прстот му врза изгорена човечка коса. А татко беше голем мајстор за делкање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)