голем (прид.) - мака (имн.)

Сакав да пишувам, да пишувам, сѐ додека не се ослободам од големата мака.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа августовско утро во Прага питачите избањати од ѕвезди се престорија во учители по добро однесување и им раздаваа на минувачите мали сунѓерчиња за цивање на големите маки и бакнежи натопени со ѕвезден дожд.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Освен именките и придавките заемки во балканските јазици, Камилски си имаше големи маки и со изборот на најкарактеристичните глаголи во листата на (без)опасните турцизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XLII И со последниот збор кодош, од својот дел на листата на петте опасни турцизми за кои требаше да реферира, Камилски си имаше големи маки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бројот на турските глаголски заемки во текот на времето рапидно се намалувал така што само мал дел од нив останал во употреба, особено во разговорниот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Хотелските работници со големи маки ги симнаа трите сандаци полни со книги во холот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Големи маки имаа додека ѝ ги откопачија раширените корења.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со големи маки успеа утрината да му ја врати свеста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Стокмив едно парче за јагоди, месечарки. Го ископав залегнатото место со дурија со голема мака, бидејќи одамна немав копано, но за садење беше уште рано. Сега беше уште крај на март.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со голема мака, потпирајќи се на тојашката, ги собираше крушите. Ние ја жалевме и ѝ помагавме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И навистина, кога во 1901 година магазинот бил откриен, Нанчо и татко му Калчо биле уапсени, осудени на доживотен затвор и испратени на заточение, каде што од големите маки Калчо умрел.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Немам јас некоја голема мака, ако не се земе онаа најголемата што ме јаде.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама посиромашки, ама со голема мака, како досега и отсега ќе се бориме и ќе живееме!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Веднаш потоа стоката нагрна кон кошарата, а тој имаше голема мака да ги задржи, да не дозволи да се избодат и изгазат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Прости што ве оставив сами. Вашите дири одамна се сплетени и не сакам да нушкам по нив, ама ми се чини големата Чана како да има голема мака!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Знаеш ли колку е голема маката кога на порта ќе ставиш катанец без надеж дека наскоро ќе го тргнеш?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гинеколозите се најдоа на голема мака.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
„Двете соседни куќи!“, извикав; „сигурно сте биле на големи маки.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го прелистаа набрзина и очите ги запреа на некои белешки: „Научната работа е тешка; бара големи маки и напори за да се дојде до вистината...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Коњот бревташе од нејзината тежина, а и Дукле имаше голема мака помагајќи ѝ да се качи и да слезе од коњот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Зашто со големи маки успеа да го зачува минувајќи со него разни земји и места во светот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)