Меракот на Рада не беше само да го направи, туку пообемно да црпне со големи лажици.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
10. ГОЛЕМА ЛАЖИЦА САКАШ, ГОЛЕМА ЛОПАТА ЗЕМИ - земајќи ја лопатата си намислил некој со неа да срка, а не да ја бодина в земи - ете какви чудесии запостоеја на веков!...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Понекогаш со голема лажица ги сркам ветувањата на боговите и во тоа не гледам ништо лошо - секој има право да срка со секакви лажици, секој има право во срканото да си го бара својот дел од рајот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Готвачот, со големата лажица меша и претурува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)