голем (прид.) - куче (имн.)

Кога ги најдовме фрлени на ѓубриште, уште непрогледани, беа малечки колку дланка, ама многу брзо пораснаа убави, големи кучиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таму во дворот гледам големо куче, не ми дава ни да се приближам.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зад него се појавува едно големо куче, ги покажува само забите и не се осмелува да залае.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Можеш да се прскаш со црево ако баш запече, можеш да си играш со Бак, големото куче болчјак, можеш дури и да исчезнеш некаде низ собите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку ги има што никој не ти пречи каде и да си и што сакаш и да правиш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми полазија морници низ телото, како оние кога пред тебе ќе излезе големо куче, без да знаеш оти ќе те нападне.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)