Големиот оган направи голем куп жар, и, штотуку падна дебелиот мрак и убаво се затемни, дувна еден силен ветар, та почна да го разнесува наоколу.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Живееше во грда, сива двокатница на крај град како жител број 8, во некаков Нојов ковчег пред кој беше голем куп на различни отпадоци (горди Хималаи) и зелена густа бара (Венеција, чао) *
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Ова?,“ праша Ана и подигна една книга, приближувајќи ја до очите на Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој веднаш ја разби нашата збунетост и со рака ни покажа на еден голем куп од штотуку ископан песок, висок десетина метри, покрај кој се распостилаше нов канал.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ана ми го подаде доминото, и јас го спуштив во кутијата покрај мене, во која на голем куп беа ставени книги, сувенири, дребулии кои требаше да бидат фрлени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)