голем (прид.) - круг (имн.)

За секоја сигурност, продолжив да одам уште два-триста метра, направив еден голем круг околу мини-маркетот и откако се уверив, дека сосема ги заметнав трагите дојдов пред “мојата” зграда).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
--- ааа аааа ааааа јас сум деформирана- се јадам себе си- надвор-сакам надвор- кон светлината- кон совршениот блесок- кон големиот круг на денот- ѕверовите немаат пристрап- светлината ги спржува без милост- светлината е нивна стапица- ќе се спасам- ќе ја избришам својата срамота- во сончевината- чекор- ќе се урне таванот- ќе се разгрнат гранките- ќе ги опијам очите со небо- ќе сетам- ќе сетам љубов...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од исток во широчината безизразно гледаат со матни, напукнати или со весник излепени прозорци, низа збиени и од земја никнати куќарки; на запад - гнил, накривен плот зад кој се наѕира темно- црвен оџак; од југ - слеп ѕид на него чуден цртеж со креда; голем круг со две дебели бели точки, под нив водорамна црта.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Застана сред црква на плочата врз која беше изделкан голем круг како со цветови и во кругот крст.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)