голем (прид.) - кревет (имн.)

Клара раскажуваше за синовите на својот брат, кажуваше како малите Густави, кои и натаму ги викаше „мали“ иако веќе беа возрасни мажи, ја посетувале во Гнездо, раскажуваше за нивните сопруги и деца: „Кога доаѓаат со своите деца, ми се чини дека цел свет доаѓа таму – некое тукушто прозборело, на некое му никнал заб, трето паднало и си го раскрварило коленото, четврто научило да лета змејови, па седиме цело попладне во паркот и гледаме кон небото,“ рече, и погледна низ прозорецот кон небото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лежевме на големиот кревет на кој некогаш спиеја моите родители, и гледавме една во друга.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ни мајка ми немаше против, иако обично двајцата одбиваат да ми дозволат заедничко спиење во нивниот голем кревет.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си легнавме истовремено и ги испреплетовме нашите раце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
До него, само што не го допираше, се наоѓаше големиот кревет што заземаше пола соба.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Вечерта со Бреза заедно си легнавме во големиот кревет во спалната.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)