голем (прид.) - коњ (имн.)

Кога доаѓаше на еден црн голем коњ, како арамија се живо бегаше од него, уште подземји да се скриеја...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сега, од големата библиотека што ја изгради Тој останал само еден изгорен столб поцрнет и од времето и од огнот и сенка на голем коњ се ниша меѓу урнатините.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
По големата погибел на Евреите на Масада 73, Хадријан пристигна во Атина, му принесе жртва на својот бог, ја бакна земјата под Акропол и извика: sacra populi lingua est.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Задржаните ги притиснаа пак во еден ќош, а пред нив горе-долу по дворот шеткаше стражар на голем коњ, управувајќи го понекогаш и накај групата, кога му се чинеше дека оваа се проширила на повеќе простор одошто ѝ се полага.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)