Станав свесен, дека сега ние живеевме во два различни света, јас во мојот свет на маказарските белутраци и ендеци, свет на луѓе на кои не можев докрај да им влезам во душевната трага, свет на сеќавања и на обид да се дофати течението на времето и на судбините во него, додека нејзиниот свет беше свет на главниот град, на секојдневното одење-идење на работа во Центарот, на пробивањето меѓу автомобилите наутро, на ситните и покрупните злоби и зависти, на студијата за проблемот на власта која требаше дефинитивно да се напише, на борбата со тој проблем како со личен проблем или на повременото уживање во музиката на големите концерти, кои таа ги сакаше.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)