Но зборовите на мајка ѝ како ќе биде утре само таа в село писмена; како ќе може да чита „големи книги"; да пее в црква та дури и писарка на спаијата може да му стане и да вади добри пари, — сето тоа ѝ даваше кураж да издржи и редовно да ја посетува школата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Си одбрав век за самување Крај пренатрупани куфери За заминување Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Јас самувам сам И ти велам И си велам: Отровот во бои ќе го разлеам Виножитото во рамка ќе го зберам И ќе те создадам Низ нова фабула Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Началникот ја извади големата книга за заповеди и почна да чита: - „За пишување на навредливи и анонимни писма, Управата на военото училиште, ги исклучува јункерите...“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Утредента началникот дополнително прочита: „Заедно со исклучените, како социјалист, се исклучува и јункерот Ѓорѓи Делчев.“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Додека Климент Камилски чекореше крај кутиите на букинистите, упатувајќи се кон местата каде што во младоста најчесто запирал и купувал книги, помислуваше и си се уверуваше со сопственото искуство дека во животот има две работи кои можат силно да влијаат на промената на човекот: големата љубов и читањето на големите книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Имаше тука и една голема книга со кожени корици и со позлатени букви, кои времето не можеше да ги избрише можеби поради задржаната светост во неа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Големата книга и во овој дел од проектот остануваше незавршена, можеби најмногу поради сложеноста и комплексноста на јаничарството.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беа светнати и кориците на големите книги на чардакот: во прв ред Библијата, Куранот, Талмудот, енциклопедиите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не можеше да претпостави дека Поетот одамна ги исчитал големите книги за новото учење, што силно ја поткрепија неговата визија за идните чудесни проекти на имагинацијата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Можеби е дојдена до ненапишаните странциина мојата голема книга.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но пред некој ден Изабел ме замоли да ѝ донесам нешто од собата и тогаш на теписонот до креветот здогледав една голема книга а на кориците пишуваше „Водење љубов и пози во сексот“.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Уште Галилеј тврдел дека “големата книга на природата е напишана со математички јазик”, и додал дека “јунаците на таа книга се триаголници, кружници и останатите геометриски форми, без кои истражувачот само залудно би талкал по мрачниот лавиринт”.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Да го земеме најчудниот пример, Спиноза: станува збор за филозоф во апсолутна смисла, а Етика е една голема книга на концепти. 72 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Феликс Гатари и јас се обидовме да востановиме одредена филозофија во делата Anti-Oedipe (Анти-Едип) и Mille plateux (Илјадници рамнини), а посебно во ова второво, таа голема книга со многу концепти.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во една голема книга, што сега стои на масата заедно со куп други, и кои ја имаат заградено мојата машина за пишување, а со неа и мене, прочитав: „Зар мислите дека човек ќе го постигне она што го сака?“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Можеше да почне со третото поглавје на Големата Книга.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Под густите сенки на манастирските палми, во миризливата јасминова градина, во играта на сините бранови, кои му го засилуваа чувството на живеење ја прелистуваше големата книга на животот во која беа впишани големите страници на историјата во која беше активен протагонист и во која додека беше сакаше со сите средства да си избори што повисоко место: изборената автономија, па независност од Мандес Франс и Франција, неговите историски односи и средби со своите современици - мароканскиот крал Мохамед V, саудискиот крал Фејсал, Шарл Де Гол, Тито, Ајзенхауер, Мандела, Кенијата, па дури и Франко, со кого се сретна во 1950 година...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Медицинскиот државен удар ја спаси земјата од неговите илузии да го стигне местото во историјата, за кое повеќе немаше моќ, со што можеше да ја загрози стабилноста на малата држава под налетите на исламскиот интегризам кој експлодира во светот по големата петролејска криза во 1973 година.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Дојде откај грмушките. Под мишката носеше некоја голема книга а во белото шамивче имаше набрано капини.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тој не можеше никогаш да го замисли вистинското завршување на оваа голема книга без Мајкините директни записи од животот, од спасувањето на семејство, од неговото провлекување низ урнатините на империите за кои Татко пишуваше големи поглавја, за нивната величина, но и за нивните падови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Најпосле, се покажа големата тврда бела корица на една голема книга.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во миговите на големата самотија, кога речиси сите ја оставивме, затрчани, амбициозни, по отворените врвици на животот, на чиј хоризонт беше успехот, амбицијата, Мајка, по Татковото исчезнување, за најголеми, последни, најверни пријатели ги имаше Татковите книги, а среде нив, нејзината голема книга на животот и на смртта, каталогот на стоковата куќа Ринашенте, од 1949 година.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)