голем (прид.) - капија (имн.)

Така задуман со куп недоквачени мисли стаса пред големата капија, пред куќата која со својата градба се разликуваше од сите останати куќи во селото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред да ѝ ја отворат големата капија, таа упати последен поглед кон нејзините кои ѝ мавтаа, со рацете, од далеку.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка, со забрзани чекори, појде кон големата капија на границата што некои ја викаа и врата на пеколот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Им здодеаја провидните сарајски игри за власт На големата капија на резиденцијата под сенката на палмите ме очекуваше Гзиме со децата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)