голем (прид.) - камен (имн.)

Нашиот народ вели: „Ако си ја удираш главата, удирај си ја од голем камен“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Самува сега Големиот камен запретан во огништето крај тланикот - тајна врата низ која одминуваат ветровите на историјата.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Доказ дека сето тоа е така.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Препознаваш во него нечии живо запретани зборови во пепелта. Големиот камен, тој, кој ја прицврстува душата на предците. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Големи камења влечкаа со кола од далеку, ги ѕидаа мајсторски, како вредни мравки...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Потоа стана, тргна настрана, најде еден голем камен и, го бувна долу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бојан грабна еден голем камен, го крена со двете раце над глава и силно го замавна во водата пред себе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Така, се случуваше да остават еден голем камен до кацата и јас ќе се качев на него бидејќи не можев да достигнам и ќе ги наполнев џебовите со сирење и ќе им дадев на моите браќа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
На најгорната кота - костени, на најдолната големи камења, чалија со колку прстот боцки и отровни змии меѓу садинакот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ме остави на новото место и од срцето ми падна голем камен.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И ми се чинеше дека истото прашање го поставуваат за човекот што стоеше под бандерата сите оние од котлината на смртта од истурените шатори, оние што со наведнат поглед погледнуваа накај столбот, носејќи ги на врвот големите камења по патеката со расфрлени парчиња бодликава жица, тапкајќи по неа со боси стапала, и оние кои папсани ги трпеа ударите со кундаци и челични камшици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По сакмата и капата го позна татка си свиткан врз големиот камен од портата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во ова време на другата страна на мостот, високо над карпите, во тесното магарешко патче беа веќе наместени на своите метерзи две-три стотини вооружени Мариовци, меѓу кои и Анѓа со Стојана зад еден голем камен најгоре на пусијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По моето рецитирање, како голем камен да падна од душата на Трифун Трифуноски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во Овчеполието, недалеку од Свети Николе, стрчи еден голем камен, познат под името Говедар Камен.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По многу години жената на царот забременила.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И така сигурна ќе ми биде победата...“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
За да биде потежок, дури натовари и еден голем камен на грб.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Зад еден голем камен стоеше стражарот. Тој ги позна и ги пропушти.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Радост завладеала меѓу луѓето. Го врзале змејот со синџири и фртоми, ги впрегнале сите волови во селото и го искачиле змејот на брегот, го донесле до големата дупка - сандилија, на која дното не ѝ се гледало - и го фрлиле змејот внатре; ја наполниле дупката со големи камења и ја зарамниле со земја да нема трага од змејот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)