голем (прид.) - камбана (имн.)

Веќе се најгоре, на самото теме на тумбата и токму помислува Пелагија дека тука на оваа највисока точка дедо Костадин заслужува да биде закопан, кога поворката запира пред веќе ископан гроб, а од средината на селото се огласува големата камбана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Селаните со веднати глави премолчеа. – А вие- рече - многу сте кренале главата со тој камбаната ваш. Голем камбана сте купиле.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)