голем (прид.) - казан (имн.)

На секое дете за цел ден ни делеа по едно ‘ржано пешниче леб, големо како две тупаници, по една лажица шеќер, а во големиот казан, за ручек, скоро секој ден вареа надолж посечени компири зачинети со брашно и многу црвен благ пипер.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За разлика од неа, Америка е како некој голем казан во кој се крчка сѐ и сешто: и големи градови, и карпести планини, и длабоки кањони, и бескрајно долги брегови, и огромни шуми, и езера со големи водопади, и непрегледна прерија... а пак нејзиното небо е капак на сѐ!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И сѐ бојадисано рачно, во голем казан во двор, во жолта боја.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Садот имаше необични димензии: сите велеа дека е тоа вообичаено голем казан за варење ракија, но ние се сомневавме во тоа: се работеше, бевме сигурни, за бродски котел изработен можеби примитивно, но според добро чувани и недостапни планови.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)