голем (прид.) - искуство (имн.)

На Татко му требаше цел живот студирање шеријатско право и исламска философија во Цариград, големо искуство и упорност, за да проникне во толкувањето на сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Луѓето што го правеа тоа, што се грижеа за неговото траење, беа, дел од едно големо искуство: на претходните чувари на огнот и огништата во таа далечина, во таа височина, во највисоките планини, во највисокото населено место овде, тука.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Ние имаме големо искуство со книги од целиот свет, со секакви искуства, но секогаш ја браневме нејзината слобода.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го немаше татко ми, со големо искуство во нереализираните илузии во животот, за да ги запре моите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сите порано биле во болниците во Шпанија каде ги лекувале и спасувале шпанските борци. Имаа големо искуство.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Данкан Блевит, психолог кој имал големо искуство со ЛСД.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој имаше големо искуство од изминатите балкански ветрометини и успеваше вешто да го одбрани семејството од неколку идеологии, од фашизмот, сѐ до сталинизмот, од мешањето на верата и политиката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа имаше големо искуство и го сакаше нашето семејство како свое.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имам големо искуство со вакви случаи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)