голем (прид.) - илузија (имн.)

Пред мугрите на педесеттите години, нашето писмо испратено до италијанската стоковна куќа Ла Ринашенте, претставуваше неверојатен чин на храброст, но и на лудост, на голема илузија дека писмото ќе стигне на крајната адреса и дека, на крајот, каталогот ќе заврши во рацете на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во пепелта врз страниците на некогашните таткови најконцентрирани читања, патот водеше кон Цариград, град на неговата младост, но и на неговите големи илузии.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Филмот открива една голема илузија на кружни движења и идеалистички желби, поттикнати и нерешливи од внатрешноста на набљудувачот, а сепак се негира додека ја навредува и умножува фрустрацијата на гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но во спротивното верување луѓето стануваат заложници на големи илузии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа тоа секогаш остава некаква празнина, темна зона, која би можела да се надополни, да речеме, на пример, со јазикот?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, тој сѐ повеќе ја губеше енергијата која ја добиваше од големите илузии за заминувањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така, ѝ мина животот во големата илузија за враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој ја добиваше играта со животот и ние, сега, очекувавме балканскиот покер тоа да ни го потврди... XXX Мајка го презеде одржувањето на семејната гравитација, како во времето кога Татко беше понесен од големите илузии на заминувањето.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)