голем (прид.) - изненадување (имн.)

Татко не можеше да се соземе од големото изненадување. Ја придушуваше возбудата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Големо изненадување за нив преставувал заклучокот на Еванс дека “еден слободен и фер плебисцит би бил според сите верувања на штета на Грција“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
И, за големо изненадување, на дното на вреќите, измешани меѓу оризот, беа најдени триста фишеци за пушки, динамит и десетина рачни бомби.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Под строга стража, врзаниот кираџија, заедно со коњите, фишеците и бомбите беше отеран во Битола, право кај пашата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За ова не го извести Камилски, вардејќи го до крајот како големо изненадување...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
LI Влегувањето на Татко и Камилски во нивните библиотеки означуваше враќање во тишината којашто најдобро ја разбираа и ги разбираше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Двете свои големи изненадувања Рада сакаше да ги преточи во едно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Капетане, имам едно големо изненадување за вас.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Никодин уште во Куманово беше "обработен" од Светлана, така што на големо изненадување на Рада, неговиот бес беше успешно канализиран.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
3. Знаењето за нашите сопствени свесни состојби е некоригибилно, што нему му изгледа (а што не е големо изненадување) лажно.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И малите, и големите изненадувања. Немаше назад!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Гаврил ни приреди големо изненадување.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Однадвор гледано не изгледаше дека ќе биде некое големо изненадување.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„На мое големо изненадување, на задната страна од последниот лист на жизнеписот, се наоѓаше залепен со малку смола, колку да држи, самиот султанов ферман издаден на барање на Никола Спиро Поцо во врска со собирањето на даноците. Ферманот беше преведен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оваа, пак, на нејзино големо изненадување, се смрачи во лицето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За мене тоа беше големо изненадување.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Феноменот на Чудна Јамка настанува тогаш кога следејќи некоја нагорна (или надолна) линија долж скалилото на било каков хиерархиски систем, одеднаш ќе се најдеме, на наше големо изненадување, на почетната точка. (Во изложениов пример во улога на хиерархиски систем се јавува системот на музички тоналитети.) Понекогаш го користам терминот Заплеткана Хиерархија кога сакам да дефинирам систем во кој постојат Чудни Јамки.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со оглед на тоа што од било каква тема не може да се направи толку комплексна хармонија, Бах избрал една тема и ја извел веднаш, на големо изненадување на присутните, и тоа со истата величествена умешност како во случајот со кралската тема.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Големи изненадувања веќе не се веројатни, ниту пак тие во оваа фаза на својата игра ги посакуваат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Од оваа гледна точка симболите се многу покомплексни од невроните, што и не е големо изненадување, бидејќи тие се составени од неврони.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Големо беше моето изненадување кога еден млад албански новинар, Алтин Раџими, неколку години по падот на диктатурата во Албанија, ги беше прочитал моите објавени романи на француски јазик, но своето внимание, на мое големо изненадување, посебно го беше запрел на Атеистичкиот музеј, посебно на сцената од атеистичкиот музеј во Скадар, односно на експонатот за душата, кога водачот Х.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го прелистував ракописот со големо изненадување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Што?! – подвикна со тон на големо изненадување. – Велиш малечко мече?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Големите изненадувања што не можеше да ги искаже со зборовите кои ѝ недостасуваа, ги изразуваше со извикот „лааа“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На големо изненадување на Еразмо, Ирена му го пружи розовиот чадор под кој, гушнати, ги броеја златните прстени на испружените раце и зборуваа дека тоа се само поголем број атоми на златната прав која ја има насекаде, па дури и во златниот сјај на тревите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Имам едно големо изненадување“, таинствено рече Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Така од висина нè погледна - нас седнатите - нишна со глава и не рече ништо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тогаш дојде тој - изненадувањето. Љупчо срипа и машки се поздрави со него. За глава повисок од Љупчо и плеќест.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога ја завршија работата, Влатко рече: „А сега имам едно големо изненадување.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не го скрив од него ни она копање по ѕидовите на куќите во Еврејското маало.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, којзнае какви сè размисли му шетале низ главата на дед Павел, какви сè сомненија го измачувале, што го плашело, но, кога почнав да му ја откривам вистината за вас, барем оној дел што го сметав достапен за мене, не забележав кај него некое големо изненадување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)