голем (прид.) - иднина (имн.)

А сега, кутрите, заслепени од победата, си се гледаат вечни, ветени на големата иднина...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Штом ќе се види оти таа никојпат нема да биде српска, Србите ќе можат да се одвратат од своите утврдувања дека Македонците се Срби и ќе ги признаат за одделно словенско племе, еднакво блиско до Србите и до Бугарите. 126 И така, македонската национална преродба е настапен историски процес што има под себе јака почва и голема иднина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа само тивко ми промрмори низ заби - Подалеку од мојот син, тој е премлад за вас и пред себе има голема иднина.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Грета: Баш ми е гајле!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бабата (ѝ се заканува со показалец): Слушај, ти, Краста е благочестив и сериозен човек и се обложувам дека пред него стои голема иднина!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ги одбегнував нивните погледи за да не го видат сожалувањето во моите очи, моето сожалување кон нив затоа што јас тукушто бев со тебе, твојот мирис сѐ уште беше на моите дланки и толку голема иднина навидум беше на видик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас бев Д. Х. Лоренс на не правењето, гласот на сите потенцијални љубовници кои копнееа и се плеткаа, но сѐ уште го немаа сторено тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За мене ова беше уште една таква ноќ и до моментот кога пристигнав на мојата станица веќе знаев дека ќе ми помине, ќе бидам доволно опоравен за да можам да пешачам до дома по мрачната улица составувајќи поеми за копнеења кои што никогаш не ги запишував.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)