голем (прид.) - зулум (имн.)

Старците му ги отворија своите намачени и настрадани души, се исплакаа од големите зулуми што ги претргаа летово и уште што ги тргаат, и го замолија да им помогне некако ако може.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Е, мори мечко, јас ти напраи(в) многу голем зулум, те посеко и затова не греда.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)