голем (прид.) - знаење (имн.)

Тој, „штедриот и милостивиот Мустафа-бег”, како што стоеше во документот, „пред светлото и чисто шеријатско заседание, го изведе тужениот брат Иса-бег, гордоста меѓу заповедниците, сопственикот на големи знаења, мајданот на милоста, гордоста на државата и верата, и против него кажа дека целата задужбина, имаретот и медресата, и двата амама, селаните и книгите, зградите, нивите и бавчите, дуќаните, и сето друго - нему и на неговите браќа Иса-бег и Паша-бег им останало како заедничко наследство”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имам големо знаење за (а) зборувањето за проблемите и како тие се случуваат, (б) зборување за решенијата и како се доаѓа до нив, и (в) како јазикот функционира; уште повеќе, како што би можел да каже австралискиот терапевт Брајан Кејд (Brian Cade), знам многу за (г) она што не функционира.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Тоа е нормално,“ реков од височините на своето големо знаење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Целото големо знаење што го има (вклучувајќи го тука и она побизарното, што така фино го отсликува неговиот маниристички сензибилитет: за разни детски игри, пагански обреди, необични симетрии, јазични игри...) на Гринавеј како да му служи само за да го здроби под валјакот на своите моќно апокалиптички филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Секако, сакам да ја зачувам идејата дека јас сум некој вид експерт - во првата смисла на терминот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)