За Берлин се има престава дека е град кој треба да е многу голем, многу убав, со големи згради, со паркови и зеленило, со улици, авении, булевари, со сите оние атрибути што го чинат еден ваков град и голем и убав, и различен од многу други градови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Меѓу називите за разните јавни објекти тој ги издвои следните: амам, стара турска бања (од турски hamam); ан, хан (од персиски han); карван-сарај (од персиски kervansaray); конак (од турски konak); механа, меана (од литературен персиски meyhane); кафе, кафеана (од арапско- персиски kahvehane); топана, место каде што се изработувале топови, склад на муниција); кале, тврдина, град (од арапски kale); кула, тврдина, висока беговска куќа (од арапски kule); бина, голема зграда, куќа во изградба (од арапски bina); тарапана, место каде што се коваат пари (од персиски darbhane); апсана, апс, затвор (од арапско-персиски hapishane).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски беше посебно импресиониран од бројот на турските заемки од областа на градежните материјали кои навлегле во балканските јазици од кои некои се употребуваат и денес.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Низ затворениот прозорец провалува нишката на заробено животно: во некој од визбите на големата зграда, белата ждребица залудно навалува со копитата врз железната врата, забравена со три катинари.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Бегот првпат го видов не кога отидов таму, зашто тогаш ме зедоа постарите прислужници и ме однесоа во помошните згради зад сарајот, туку подоцна еден ден кога јас се најдов близу до предниот двор на жолтата голема зграда со долги правоаголни прозорци и оттаму можев да го видам како се качува на еден дораст коњ, опкружен со слуги кои, кога коњот се препна под шибањето на мамузата, се тргнаа скраја.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Дојдоа некаде каде што тротоарот, поради тоа што тука имаше една голема зграда чие приземје беше некоја стоковна куќа, беше скоро тројно пошироко бидејќи зградата беше значително повнатре.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Девојките за него беа по фабриките, по фризерниците, а некои и чистачки во големите згради на градот. Најубавата со која бил, беше од Домот за сирачиња.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не однесоа во една голема зграда што на унгарски ја викаа „Дохан ѓар“, што значи фабрика за цигари, но беше прилагодена за живеење.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
„ Личните рејв-доживувања на Сандерс се многу поконтролирани.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Како на пример последниот рејв на кој бил - настан само-за-поканети, организиран во една голема зграда во Норфлок.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Откако единаесеттиот ден од месецот во раните утрински часови беше спроведена рацијата во трите места каде што живееше еврејско население, според прецизниот план, лицата од еврејски происход како што службено ги именуваа, без оглед на полот, здравствената состојба и возраста, беа донесувани, и според прецизниот план и инструкции и конфинирани во големата зграда на скопскиот тутунски монопол.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Петра се врткаше околу големата зграда, дури натаму, зад неа, низ бавчите, го шеташе мирисот на своето тело, го распостилаше секаде зад себе, како да си обележува територија.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
ГРАДИНЧЕ Во една голема зграда, таква какви што има многу во нашиот град, зграда со многу прозорци, врати, балкони и скали, таму некаде на еден од трите катови живееја едно братче и едно сестриче.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
И децата му се радуваа на тоа градинче што го создадоа на еден балкон од една голема зграда, какви што ги има многу во нашиот град, зграда со многу прозорци, врати, балкони и скали, но во коишто живеат многу деца - што сакаат цветни градинки, пчелки и пеперуги.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Се отвораат вратите од становите. Излегуваат жителите на големата зграда и кога го гледаат петелот, помислуваат дека тој треба да се фати.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Во Њујорк постои еден двоен феномен: секоја од големите згради владее или некогаш владеела со градот, на свој начин.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
„Не е доцна, мајкин, за петнаесет минути сѐ ќе е готово.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Акција, другари. Секавично ќе дејствуваме. На препад и - магла. Братот сѐ испланирал.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Бевме љубопитни и тргнавме по Љупчо. Скршнавме лево од главната улица, па десно зад големата зграда. Таму беа паркирани неколку автомобили.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)