Го прочитав со големо задоволство романот Времето на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Стар козар, колекционер на сѐ што се однесува на животното коза , нејзината историја и симболика, ја купив книгата, единствено поради насловот, но таа стана причина за големо задоволство...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ако не беше болеста, никогаш не ќе дознаев што е брусница, никогаш немаше да пропијам пиво, во што сега уживам големо задоволство.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Но друг излез немаше и тој тргаа во зората со Тодора; вечерта благополучно стигна во Битола, врвејќи низ синџири аскер по Маково.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во Ал-Шари Толевото ослободување предизвика големо задоволство кај работниците, а голема срџба кај гавазите и чаушите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ѓорче се скамени наместо кога прецени дека една таква ситна работа можеше да го издаде, и не мрдна од местото дури Толе со големо задоволство не му ја „искастри“ брадата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Денко се двоумеше малку, но набргу легна крај својот пријател и постапувајќи исто како него, почна да ја полни дланката со јаготки и со големо задоволство да си ја полни устата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ниту во доброто јадење, ниту во добриот филм, ниту во светлиот сончев ден, во ништо, па дури ниту во добро завршената работа, која порано му причинуваше големо задоволство, не уживаше ако не ги споделеше со Рози.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Јана по најмекиот килим газеше како по груб, дрвен под, со воздржан презир ги победуваше во тенис, секоја недела, машките партнери (а на големо задоволство на групата дечиња, што слепени за мрежестата ограда, ги следеа партиите), во најжестоките турканици по градските улици возеше минимално во трета, а откако ги пушти веѓите, доби тврд речиси андрогин изглед.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сега, кога книгата е обликувана, завршена и во конечното руво, доаѓам до сознание дека ако не ја напишев, ќе бев сиромашени лишен од големото задоволство да се почувствува изразноста на македонскиот јазик во прозен исказ.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тоа му правеше големо задоволство и го потсетуваше на нешто, но и самиот не знаеше на што.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тоа лето ме напуштија зборовите“. (Глувче) Навистина е прав авторот кога, во своето обраќање до читателите, забележува: „ќе бев сиромашен и лишен од големото задоволство да се почувствува изразноста на македонскиот јазик во прозен исказ“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тоа ми причинуваше големо задоволство.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Како сознав? Почувствував големо задоволство, почувствував нова творечка возбуда дури и наслада од ваквиот начин на себесоопштување.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И главата му беше озрачена и на лицето имаше озрачена насмевка и големо задоволство.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ја изеде со сласно оближување, со големо задоволство.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Чудно и донекаде необјаснливо ќе остане што на лицето на Рибоокиот ќе има „озрачена насмевка“ и што на него ќе се гледа „големото задоволство“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Одовде се гледа дека е повесело да Трпеливост - Добродетел, мошне лесна се ожениш, отколку да умреш, кога се поучуваат другите.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Реторика - Наука, им носи големо задоволство на сиромашните писатели, како тие да си ја разубават У Убавина - Краткорочен кредит. сиромаштијата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ги чинеше апсурдно ефтино, а се покажа квалитетно и Александар уште го користеше за попладневните дремки и тоа со големо задоволство.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Колку за утеха, имаат и големи задоволства. ***
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тој ги продолжи своите правни студии на Правниот факултет на Цариградскиот универзитет на големо задоволство и на Фети Окјар, кој и покрај големите државнички функции и презафатеност, секогаш наоѓаше време да се сретне со Татко, да го следи текот на неговите студии, но повеќе никогаш не го прашуваше за неговото конечно останување во Цариград.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко продолжи да живее со тој сон во него уште кога сонуваше во родниот Поградец да се најде во Цариград, кај светот на мајкините роднини.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој и сега прочита гласно што пишуваше на првата надворешна корица на големо задоволство на Камилски, а потоа и на свое: Lоn Cahun, Hassan le Janissaire 1516, Paris, 1891.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа му беше омилена на газда Таки кој знаеше многу македонски песни и со големо задоволство и чувство пееше во вакви прилики.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Да можеше да ги инфицира сите нив со лепра или со сифилис, со колку големо задоволство ќе го стореше тоа !
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Додека траеше мерењето и се ставаа белезите на чаирот, папуџијата Јосиф стана старец од сто години, се згрбаве и ја истегна напред шијата како да граби воздух што му недостасува, ама да рече дека оваа работа му прави голем задоволство, или пак дека на овој несреќен ден можел да го доведе само ваков будала како зет му, е мисла само на недугави: татко ѝ на Тодора остана нем до крај, со откорнат јазик, и така ја пречека завршната работа како варен ошав.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Многу сакаше да одиш на Пике Маркет, тоа беше големо задоволство за тебе, ти којшто дома имаше многу книги за риболов, а и беше страствен риболовец.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Ги правел со големо задоволство.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Само втората заповед не можеше Арслан да ја изврши.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Арслан со големо задоволство постапи по наредбите на везирот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Нешка со големо задоволство му услужи и уште повеќе се ослободи да другарува со Крстета.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На бегот и дружината им се бендиса постелата, одајчето, виделото без чад и седнаа редум со големо задоволство.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ни рекоа дека наскоро ќе почнеме и да пишваме и дека на секј ќе ни дадат по половина молив и по една тетратка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ни рече такви како нас, орли, соколи, кажуваше и некои други имиња на пилци, сме само за на фронт, дека ние сме дораснале да ги замениме нашите татковци и браќа што останаа на Грамос и на Вичо, ама имал добиено строга наредба да не не враќа иако тој со големо задоволство би извршил уште една голема задача спрема револуцијата праќајќи не нас на боиштата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Господи, и самата знаеш за какви божем големи задоволства станува збор?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Добро, можел да промолви и некоја неизречена докрај благодарност; дека например, тој не ги заборава и ваквите услуги на своите пријатели, па и тогаш кога тие и не се ништо друго туку едно големо задоволство.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Куќата горе ја направи уште татко му додека беше жив; го купи лозјето што беше на самиот врв, а потоа почна постепено да ги купува и другите лозја и бавчи, да го освојува брегот и да пати што не успеа сиот да го купи, да стане негов господар; со преселувањето на ридот, тој ја виде и можноста да се оттргне од луѓето, да се обгради од сите зла и несреќи што го зафаќаат селото; покрај тоа, тој одовде, од овој брег, можеше многу поубаво, појасно и попрегледно да го набљудува небото и ѕвездите, што му причинуваше големо задоволство.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тоа го надополнува и Бејли, член на СОЕ, во писмото од 28 март 1941 година, кој бил во Белград, а потоа во Цариград, кој вели: „цврсто сум уверен со акцијата што непосредно му претходеше на државниот удар; можеби други управувале, но нужните претходни услови за тоа ги создаде наголемо СОЕ во Белград, работејќи на тоа во минатите шест месеци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Черчил, од своја страна, му дал упатство на генералот, сер Хастингс Исмаил, штабен офицер кај Претседателот на владата, да му напише на Далтон, дека „е големо задоволство што грижливата и трпелива работа на вашите луѓе е богато наградена“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
За големо задоволство на младите македонски револуционери, берберницата за една недела почнала да работи.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Веќе истиот ден кога тој бил уапсен, “Солунски Дневник“ со големо задоволство пренесува некои детали од неговото апење.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)