голем (прид.) - енигма (имн.)

Можеме, исто така, да запазиме дека Ѕвездата е седумнаесеттата голема енигма во Тарот-от, и дека на неа во астрологијата ѝ одговара Венера.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Едновремено, алхемичарите во ѕвездата гледале симбол на Девица (Невеста) - уште еден елемент кој ја поткрепува нашата предложена идентификација Невеста/ѕвезда.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во мене и натаму продолжуваше неконтролираната инерција на мојата поранешна амбиција да го расветлам докрај Татковото цариградско време, големата енигма на неговиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Голема енигма сме ти ние, сине, за антропологијата, за историјата, за философијата, и за што уште не! Особено за историчарите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Како да му беше потребна сал уште една буква, па слог, на крајот, збор, за да си ја дополни формулата на алхемиската потрага, со која ќе ја откриеше вербалната еурека која, според неговата замисла, ќе му овозможеше лесно да влегува и да излегува од отоманското време за, најпосле, да ја разгатне големата енигма на идентитетот на своето семејство, на својот народ, на сите други измешани балкански народи кај кои сѐ уште не исчезнуваа јаничарските гени.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
За Татко, остануваше голема енигма Мајкината „гр­ч­ка врска”, нејзиното знаење на грчкиот јазик кое беше пресудно за спасувањето на семејството за време на грчко-италијанската војна во Поградец... * * * Татко, првин, по многу години, сакаше да дознае каде го научила Мајка толку убаво грчкиот јазик?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Идентитетот на секој балкански народ останува голема енигма.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)