- Тоа е нормално. Децата имаат голема енергија и мора некаде да ја трошат, а згора на тоа, сакаат да изигруваат јунаци и тепачишта, се мислат многу силни и моќни, па така ги заработуваат модринките или скршените глави.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Согледавме дека Езерото крие голема енергија која мора да се искористи до последниот атом во полза на новиот човек.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во низата на корумпирани и неспособни политичари, кои, единствено беа загрижени за добрата финансиска состојба, своја секако, и на своите блиски, во тешките времиња на нашата транзиција, во севкупниот хаос продуциран од корумпираната олигархија, се појави човек изникнат од народот, кој го посвети својот живот на доброто на народот и својата голема енергија до последна капка ја троши за просперитетот на народот".
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Со необичното редење на елементите се негира големата енергија на нивниот традиционален контекст, така што со помош на тие ослабувања уметникот добива слобода во своето оригинално изразување.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)