голем (прид.) - душа (имн.)

Тоа што не успеваше да го постигне со усните, со мускулите на лицето, се обидуваше да го дополни со сините раздвижени очи, со сета сина светлина што зрачеше од неговата голема душа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но јас чувствував, сигурно знаев дека, длабоко во неговата голема душа, продолжуваше да се докршува нешто големо, нешто помеѓу поразот и истрајувањето.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дали воопшто некој има толку голема душа за да ме разбере?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не бев начисто со што се заслужува една ваква читателка со голема душа и големо срце, која ретко, многу ретко се појавува во животот на еден писател.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ова верување беше во суштината на моето пишување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но јас често во едно писмо пишував повеќе писма знаејќи секогаш дека тие ќе најдат место во големата душа на мојата голема читателка и ќе ми се вратат во нов, облагороден облик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имаше Мајка голема душа и сочувство за страдањето на другите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А страдаа илјадници невини деца, семејства, на кои земјата која ја претставував им помагаше...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во големата душа на владетелот, која го одржуваше физички измаченото тело, постоеја живи и мртви делови, како во самото стебло на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Амбасадорот ако има голема душа може да пренесе и божја порака.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговиот живот ме потсетуваше на еден неколкувековен чинар, кој живееше и умираше во делови, но секогаш беше тука, со векови без да се предаде на смртта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вака сѐ мораше да се решава во големата душа и намаченото тело на мајка ми, таа света заштитница на портите на откорнатичкото семејство кое го имаше проклетството Балканот да му биде татковина...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми беше трпелив во разговорите со козарот, не сакаше да повреди ниту атом од неговата голема душа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тишината беше поречовита. Нѐ остави со нашите мисли. Тој добро ја познаваше големата душа на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бев многу возбудена кога го читав овој роман, кој сведочи не само за големината на еден писател, туку и уште за една благородност, за една голема душа која малку се сретнува во нашето време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Толку голема душа имаше, беше со силен мајчински корен во семејството кое силно го разграна со љубовта нејзина голема и трпелива.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во својот живот, Мајка си ја смируваше, си ја облагородуваше, си ја успокојуваше и ја урамнотежуваше својата голема душа низ еден постојан процес на лаицизација кој се остваруваше низ повеќе генерации, низ реминисценциите од верата на нејзините предци во новата вера, со бекташкиот екуменизам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше бес­крај во нејзината голема душа, посилна од историјата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)