6.2 На небесниот блесок од потковиците Се покажува иконата на моето детство Со отворен прозорец кон градината Осенчена од големото дрво - Човек.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Скриена во зеленилото, меѓу големите дрвја, железолеарницата беше готова...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Околу печката беа наредени валчести капаци за мини и бомби. На ѕидот од леарницата висеа неколку бомби.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Пред куќата имаше исто така мала градина со две големи дрвја, кои еднаш ја спасија Мајка кога во нив удри камион скршнувајќи од правата улица.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се зборуваше дека тоа е гроб на некој човек што сам си го одземал животот и го нашле обесен на едно големо дрво покрај патот.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Дождот не престануваше, Растеше како некое големо дрво меѓу останатите стебла.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Еден ден фати страшна бура и искрши на половина неколку стебла од големите дрвја.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Долго се обидуваше да го касне еден човек што спиеше под дебелата сенка на едно големо дрво.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Имав среќа со инженерот кој добро ја контролираше работата и кој, и кога ќе се појавеше некој застој заради големо дрво, или карпа, ме тераше да не гледам на тоа како на голем проблем, дека машината и неговите луѓе тоа ќе го совладаат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Стоеше потпрен на големо дрво со збрчкана капа и не знаеше дали да се спушти во селото или да се врати таму од кај што дојде по долго и скапо патување.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Колку солзи беа изронати, колкупати рачињата се подаваа кон големото дрво!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Колку погледи, колку воздишки праќавме накај големото дрво!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Нашите мајки се онаму кај големото дрво.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кога една од мајките рече: - Сонцето изгрева онаму каде што расте големото дрво, - многумина тргнуваа накај големото дрво што растеше на високиот рид и велеа: Одиме кај мама.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
По неа, под големите дрвја останати по меѓите на бавчите, беа наредени клекнати куќарки, еднакво градени и еднакво зелени, небаре кошари за пчели.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но големото дрво може да роди многу плодови и воопшто да не ја почувствува нивната тежина – рече старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
ЗБОРНО МЕСТО Стигнавме во лозјето, сонцето ги спушташе нозете и пак се криеше, а тука имаше едно големо дрво каде ги оставив работите што ги носев.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)