Стариот не ме забележува; тој непрекинато пуши и го трие коленото со голема дланка замислено нишајќи го горниот дел од телото.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се обидов да станам. Ми ги стисна градите со големата дланка и ме врати на сламата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа, се разбира без потреба, го придржа и да слезе, но така што својата голема дланка ја задржа од внатрешната страна на неговата нога, по бутината.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Не верувам. Борис Калпак ќе се пофалеше.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Додека ова го кажува една жена со свиена коса горе над темето, Чана си ја стискаше устата со големата дланка за да не ждригне нејзината смеа од која исто така можат да се исплашат луѓето што тогаш беа во просторијата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
XX. Постоја крај тезгавот и крај оној челичен слив на запците од бичкијата, додека под него бесно се плискаше, пенејќи се, водениот порој, удрен во челичниот прстен на турбината, само толку, колку што имаше време да плукне во своите две големи дланки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Има луѓе кои судбината, управувана пак од луѓе, ги обележува за да почне за нив некаков прогон: тој скршнал на некој начин од линијата на животот обележана врз големата дланка на земјата во која живее и станал капитално ѕверче осудено на психички отстрел.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)