Сузан Хејворт, Клерк Гејбл, Душко Долгоушко. Холивуд - ти последна бајко за големите деца, почивај таму крај големата вода!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Рече: големите деца да се соберат кај врбата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Мислев се е запустено, ама големото дете заедно со помалото и со мајка им го чуваа имотот, ги ораа нивите, не оставија троскот да ги јаде, сееја и жнееја и вршеа, гладни не останаа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ти реков дека најдов ливче за големото дете...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не знам дали беше оган Доне Совичанов... можеби искра која се претвори во ова големо дете!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Вечерта, додека вечераа под слабата светлина во одајчето Чана прво го искара Дончо дека иако има сила и снага на големо дете, не треба да заборава дека е во седмата и дека оваа есен ќе треба, заедно со Пела на Пелагија, да појдат на школо и таму, седејќи на кареклите, да го учат животот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Паметиш? Прво ги собраа големите деца.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Големите деца се свртуваат натаму и остануваат занемени.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Ти си кукавица, мајкин сине – велат големите деца. – Те знаеме ние тебе. - Не сум кукавица. Ќе видите.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Но големите деца не му обрнуваат внимание.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Големите деца веднаш го заобиколуваат.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Но големите деца веќе не го слушаат и го буткаат да ги остави насамо.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Големите деца дури сега го погледнуваат, но малку зачудено.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Потоа видов како едно големо дете си играше во тревата.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
А пред големите деца се испрчува како да добил орден за својата храброст, и додека бојата на лицето пополека му се враќа, тој вели: - Видовте... видовте ли кој бил кукавица?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Чувте ли, - сврескува Зоки кон големите деца. – И јас сум храбар!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
На пристаништето галебите се збрале на купче и еднаш на саат свечено гракнуваат - да ги дослушне оној Посејдон од приказните и да покаже дали е вистински заповедник или измислен лик од приказните за мали и големи деца.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)