голем (прид.) - дебата (имн.)

Така расказот станува басна, се делокализира, и ако така може да се рече, станува дел од големата дебата за тешкотиите на модерниот живот и неговите болни контрасти.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Откако ја завршија големата дебата за генезата на универзалните лавиринти, посебно балканските, Татко ненадејно го запраша Камилски: Знаеш ли, мој пријателе, кој е најголемиот лавиринт и на кој никогаш не може да му се најде излез?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И на крајот од големата дебата за балканските лавиринти, Татко и Камилски решија нивните потраги во книгите да ги насочат кон балканските јазици и јаничарството, како два најсложени лавиринти во балканската историја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тој како да одеше подалеку од своите мисловни хоризонти, вовлекувајќи се во нови интелектуални загатки, чувствуваше дека големата дебата што ја отворија со својот пријател да ги бележат зборовите со опасна конотација, одеше многу подалеку од замислената мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)