голем (прид.) - двор (имн.)

Околу куќата голем двор, целиот ограден со камена ограда чијашто висина на места достигнуваше и до дватри метри.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Јас немав време да ги слушам овие приказни, за мене беше доволно тоа што го знаев, дека нашите се доселиле од Крајова, овде купиле куќа во Дебар Маало (јас и Мариела израснавме во таа куќа со голем двор што беше наш свет во детството) и, еве, сега го живееме животот ваков каков што е.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нашиот сосед имаше голем двор насаден со овошки: јаболки, дуњи...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Црвениот тепих, имитација на некои гламурозни филмски фестивали кои што повеќето гости на балот ги имаа видено само на телевизија, се имаше распослано од влезот во големиот двор ограден со жива ограда, па се до скалите преку кои се влегуваше во Куќата на братството на патриотската гарда.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Куќата во која живее новото дете е со голем двор, со висока зелена ограда.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кај бунарот, во запуштениот голем двор, ме пречека мајка му на Димка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но есента кон крајот на ноември, кога ни рекоа дека ќе заминеме за Романија, еден ден, попладнето, во големиот двор, што го викавме плоштад, некаде во средината, застана пајтонот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кире наведна глава, долго се загледа во тревата, си го подигна чорапот и, држејќи се за коленото, замолча.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сите негови лични предмети си беа на своето место, исто како секој пат кога сум доаѓал во пространата куќа со голем двор и три елки од предната страна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
7. Минувајќи еднаш (којзнае зошто, веројатно за ништо) по старите улички, Грдан се сети како чекорот му подзапира крај една ограда што му се стори позната: висока телена мрежа, уште повисока жива ограда, наместа не само оштрбена туку и поткопана, како под неа да се провирале зајаци, зад неа голем двор, изгазен и гол, со ретки стари дрвја и сосема во дното долго трошно здание, со препознатливата нечисто жолта фасада на државна установа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Лево широка железна врата, зад неа голем двор поделен со ограда зад која мукаат телиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Паметам дека „мојата” куќа, нека ја наречеме така, зашто навистина беше таква што тогаш и сега, ја чувствувам како своја, беше ниска, само со приземје, покриена со керамиди, опкружена со висока авлија и голем двор со многу разновидно цвеќе и тукушто расцутени трендафили.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не одевме долго. Низ една голема железна порта влеговме во еден голем двор и застанавме вчудовидени...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лево – имаше голем двор и од него влегувавме дома.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Куќата во која живее новото дете е со голем двор, со висока зелена ограда.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во шест часот веќе се возеше на работа, а кога стаса го паркира автомобилот во големиот двор каде сите други исто така ги паркираа своите автомобили штом ќе изгрееше сонцето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)