голем (прид.) - група (имн.)

Меѓутоа, тој сепак направил мал превид: во 1889 год. сепак избегале само мал број македонски студенти ученици од Белград во Софија, додека големата група за којашто зборува тој овде, ја напуштила Србија на почетокот на февруари 1890 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Одеднаш здогледа голема група турци, фесовите им се вееја лудо, јаваа како избезумени, како некаде да брзаа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На 10 мај пристигнале во Смирна. Тука одвоиле една голема група, од која осудените на 10 години биле испратени за Подрум, а осудените на 15 години - на Родос.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Носачите на сандакот малку се поколебаа и подзапреа, зашто кон нив се тркалаше голема група народ, викајќи и пеејќи алилуја.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Талкајќи меѓу Евтим (живееше кај брат му Јован кај фабриката Треска), сопчето на Нанчо во самиот центар каде што јас го уживав неговото гостопримство оти ми беше вујко по баба, и слободните клупи во најзафрлениот дел на паркот каде ги минував деновите читајки го Тихи дон, сепак го поразив оној Првиот во мене кој ја бараше закрилата на големата група ученици од Војводина во Учителската и му дозволив на оној Другиот во мене Учителската да ја замени со Гимназијата, ризикувајќи да биде сам во сосема непозната средина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На еден крај од пазариштето како поодделна од другите продавачи стоеше голема група од селани со разна стока; говеда, волови, коњи, кобили, магариња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Потоа следеа помали групи, а голема група ни стигна во октомври по битката за градот Мецово и во декември по неуспешната битка за градот Коница во Епир.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го испратија заедно со другите деца од улицата, во една голема група што одеше на летување на езеро.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)