Навистина, живот треба да се зема, но живот што не го огреало сонце не е живот и нема голем грев.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За него тоа беше голем грев.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Навистина, голем грев имаше спрема оваа куќа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Еве ме насилно довлечен на некакво задоцнето верско – идеолошко „покајување” за да ги трпам последиците од моите божем големи гревови, пред сѐ космополитските, надоврзани на семејните, емигрантските.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Заборавив на гревот, големиот грев.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Грев е, голем грев е“, си реков и ги сместив чевлите покрај торбите со моите шеови.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
По неколку години од возбудливиот настан со сестра Ангелина, почувствував некоја чудна сила која ме тераше да го пронајдам и извадам портретот, повторно да му се навратам, да го поправам, да си го окајам гревот. Големиот грев.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се сметаше за голем грев ако некое дете растури ластовичино гнездо, убие штрк или им ги земе јајцата.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)