Мечката го хранела брадосаниот никаквец и натрапник престрашен и за ѓаволот, му носела големи гранки со оскоруши, грмушки со дренки и искорнати гнили стебла со мед во утробата. Тогаш можеби била и скотна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секој ден со тресок се откорнуваа големите гранки.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Од таа радост на неговите гради ѕвонеше голем будилник со бројки од 1 до 12.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Таа љубов, значи, почнала во една пролетна мугра.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мојот крокодил личеше на вистински крокодил и не можеше да ја затвори големата уста, За да го стори тоа му пречеше големата гранка испречена помеѓу двете заблести вилици.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)