голем (прид.) - град (имн.)

Сопружниците, од некои причини, само што не се беа степале.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Наташа со автомобил кој случајно намина ја однесоа во болница, а потоа за неколку дена ја префрлија во големиот град во психијатриска клиника.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
До големиот град од некаде се патуваше со денови и со ноќи, а од некаде се стигнуваше и за еден ден.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таму, во Гери, во неговиот салон, жена ми се онесвести (и се спои горниот со долниот притисок по уморот од лутањето по големите градови) и тој искрено ме пожали и ми вети оти нема никому да каже.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Селанчето од Бесвина со вошки и врзопче во раката повеќе не се восхитуваше на големиот град.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И ненадејно, некаде од високо, од зад горната рамка на прозорецот од одајчето на праведникот Шабтај, се појави далечен огнен столб кој силовито се доближи до куќата и до прозорецот и вовлекувајќи го во огнениот вител, го крена него, Праведникот, и го однесе високо, толку високо што таму, над највисоките облаци, пред Шабтај се укажа еден голем град создаден од светлина исполнет со палати, широки улици, светнати ѕидини, во чие средиште се наоѓаше Храмот на копнежот, домот на Севишниот, градбата на премудриот Соломон но сега, веќе, не изѕидан од камен, туку создаден од најсјајните зраци, а во неговото проѕирно средиште, виде јасно Шабтај, стоеше Светињата над светиите со Заветната арка и златозрачните таблици во неа; со Декалогот даден на Синајската гора на благородниот реб Мошѐ12, а над сиот тој сјај Шабтај виде како една рака во просторот над чудесните светии, испишува четирите букви на хебрејски што, сиот збунет, тој ги прочита слагајќи ги слог по слог - како што тоа го правеше со имињата од фирмите на новите големи магази на Широк сокак - како ХеВХаЈ, но и истиот час сеќавајќи се дека исписите на иврит се читаат обратно и тој стаписано го прочита исписот на прозрачната рака како ЈаХВеХ13, неизговорливото име, тетраграмонот, името на Бога во кое Шабтај најде конечен спокој и оддишка.  А во истото време, долу во Ла Калежѐ, неговиот син, снаа и внук сонуваа еден ист сон, како имено еден по друг ги палат светилките за Ханука, прво Рена, па Јаков, па третиот ден од празникот на светлината и нивниот Шабтај, а по него, светнат од среќа, и малечкиот.  Утредента Јаков го најде татка си, спокоен, со полуотворени очи загледани некаде во височините зад облачното утро, кон ветениот небесен Град на Мирот; и некако озарен, со необјаснива внатрешна светлина, што тој и жена му ја припишаа на конечно пронајдениот спокој.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А тогаш, како што дрогите влегоа во животот на просечните луѓе, така и тие почнаа да стануваат прифаќани како „сексуални радикали”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Никој повеќе не гледаше на нив како на депресивни губитници.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сѐ уште се муваа таму кадешто беа и претходно - на работ од големите градови, затворени во евтините хотели и со свое друштво - отпадници со лоши заби и евтини парфеми и ужасна гардероба.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова е најголемиот парк во Софија и во Бугарија, а можеби и на Балканот, зашто се протега со километри и зафаќа пространство нешто поголемо од 3.600 декари, и во него човек не се чувствува дека е во срцето на голем град и дека на дофат на раката е неиздржливата бучава од мотори и автомобили...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Утопискиот напор ѝ припаѓа на суштината на урбаната метафора, а може да се сфати и како составен дел од разбирањето на мистеријата на градот, неговото подигање и планирање. (Во интересната и поттикнувачка книга за “градот меѓу емпиријата и утопијата” за ова пишува Неда Лазаревиќ.) Тегобното искуство на животот во големите градови спротивно на утопиите учи дека заради несразмерите на градот и човековите природни способности мегалополисот постојано е на прагот на катастрофа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Јунакот доаѓа во големиот град - извесно станува збор за Мадрид, тогаш веќе пропаѓачката метропола на едно светско царство.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таму, каде што ќе ве навредуваат и унижуваат - само за да можете да ја дишите правта од асфалтот и да си ја пустите младоста во бурните ноќи на големиот град.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И си одам уште вечерва, си одам уште веднаш само да побегнам колку што се може побрзо и подалеку... - се истурија како порој зборовите на една незадоволна младост, расната сред кипнатиот живот на големиот град.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Убаво момченце си, нема што. А од кој град? - Од Скопје. - Охо, голем град.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Долго време Месечината ги шеташе своите гости по небото, им ги покажуваше на Земјата морињата, планините, големите градови а малите патници од Земјата не можеа да си земат здив од силно чудење.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Авионот е скапа работа што можат да ја платат само големите градови со рич индустри.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Имаа слушано дека такви чуда по големите градови имало, но дека и по села може да оди и, еве, во Брезница да дојде, немаа ни чуено ниту, пак, им се веруваше дека тоа чудо, еве, со свои очи и во своето село, пред куќата на Спира Клечев го гледаат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На исток чадот и замагленоста од целата џунгла од пилани и фабрики го покриваа големиот град, но овде надвор воздухот беше чист и благо ветре дувкаше кон реката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Онаму каде што една од тие радијални авении се вкрстуваше со периферниот автопат, која формираше свод во форма на виножито, во предградието на големиот град, се наоѓаше една општина, со своја самоуправа и независност од градот, а сепак таа се прихрануваше, како најоддалечен грозд на винова лоза, благо откачен од ластарот, што ја шмука својата хранлива материја од главното стебло до земјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дуќаните му беа подредени по работ на најпрометната улица во големиот град. Овде луѓето минуваа како надојдена река.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Она што ја привлекло неа е тоа што тој бил еден од редките млади луѓе во тоа време што се школувале во големите градови и бил многу едноставен, скромен човек и приатен соговорник.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ни доаѓаат од големите градови и тука бараат тишина и здравје.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Старчето во доверба му шепна дека прво да помине по Либражд и да се држи покрај патот, а ако најде камион, може да оди и со камион, а кога ќе стигне до еден голем град што се вика Елбасан да не го фати горниот, ами долниот пат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дванаесет денови и ноќи сторивме пат по вода додека стигнавме во еден голем град полн со пампури и ни се чинеше дека гореше во светлина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, гемиџиите не можеле да бидат сигурни и да знаат што би можела да открие полицијата сега кога била потсетена дека во големите градови се подготвуваат атентати.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во тоа време во секој од големите градови постоел по еден затвор кој бил наменет за лудите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму тие не биле лечени, туку казнувани; лудилото не било сметано за болест, туку за злосторство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откако овој си заминал, Гоце му ги вратил парите на Балабанов и му рекол дека секогаш кога студентите заминувале на студии во големиот град, стопанот на кафеаната доаѓал и им ги пребарувал џебовите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Пред пристигнувањето до целта- големиот град, на крилјата на радио брановите до нас допре совршениот глас и песната на Тоше.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Бабата умре во истата куќа на другиот крај од улицата кога девојчето, сега девојка, замина да студира во големиот град.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не одеше да види нешто посебно – ѕидот кој падна пред неколку години не го возбудуваше, не се интересираше какви големи концерти има во големите градови низ кои минуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Понекаде, особено во новите индустриски зони се отвара по некое црквиче; исто и во новите реони на големите градови; но, мошне ограничено.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Прашањето со црквата се решава вака: никаква обнова.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А по некое време, кога беа веќе зафатени во еден голем град и откако работеа доста за да можат да сетат што значи да се кажува копанката со вар и песок горе; на високото скеле на една раменица, откога можеа да сетат што значи и сѐ друго тука, старците често пати знаеја во слободните денови, или онака, делник ден, кога немаа што да прават во градилиштето, да ги пуштат сите нив да прошетаат по улиците на тој град, да го видат, да го рашетаат градот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Држеше тогаш гостилница на крајот од улицата во големиот град.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За оние кои што живеат во малиот и за жителите на периферијата од големиот град.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Просто во еден голем град на Германија бев сведок на улична несреќа. Тоа е сѐ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Е, синко! Пред да дојдам во големиот град, бев врзан за земјата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сметаше дека со самото претставување дека е од големиот град, значи дека е господин и се друго што оди со тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Забраната ги поттикнува малолетниците на уживање дрога и нејзино продавање со тоа што создава подземје во кое истите тие малолетници можат да остварат таква заработувачка која е невозможна во легални услови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Забраната на дроги доведува до огромен број убиства и кражби во големите градови затоа што создава црн пазар на кој завојуваните дилери им наметнуваат сѐ поголеми цени на уживателите, кои пак од своја страна крадат за да можат да ги задоволат своите навики.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Влезе, поразговара и запиша во својот список едно име: Стојан Ванков, роден тогаш и тогаш, тоа и тоа, неженет и - доселен по војната од зад граница. „Благодарам“, рече кришум гледајќи кон касата, а тој, Ванков, имаше доверба во него и му говореше со асматично шушкање до душникот за сѐ - какви се цените на пазарот, кога бил најголемиот пожар во некој голем град, каква политика води Черчил.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Набрзо по враќањето во Берлин, умира на 6 јули 1959. George Grosz, 1917 (фрагмент од писмо) Јас со поглед потполно продирам и таа работа за мене се единствените емоции (треперлива возбуда, бучниот уличен фронт на хартија!, или, ах!, вртење на ѕвезденото небо над црвената глава, електрично место на сликата, ѕвонат телефони, породилни врисоци, додека челичните ножеви мирољубиво дремат во запурноста на џебовите на подведувачите - а исто така и лавиринти од огледала, нивната улична волшебна градина! каде што Кирка ги претвора луѓето во крмаци, комичен тиролски шешир со перце, или rumms-tumm-tidle-walk во Патепон, каде што слушателот се фаќа за уво и музика од грамофон, палми од лаѓите со коишто продолжуваш, или песни на штитовите, или златниот штит, коло од букви - а вински црвеното, ноќите што локаат вино, во кои месечината е блиску до инфекцијата и до запцуениот кочијаш и каде што во прашливиот подрум се случува убиство со давење), ох, емоциите на големите градови! George Grosz, 1924 За да достигнам до стилот којшто... ја одразува нескриената суровост и немилосрдност на моите објекти, ги проучував драстичните манифестации на уметничкиот нагон.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Беа добро организирани, најчесто живеа во исти населби во големите градови на Западна Европа за да си го чуваат грбот од агентите на Стојан и во новите татковини беа почитувани како добри работници.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Отаде Голем Град малку се заоблачило и фатило да врне колку да се стори божилак.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Езерската шир небаре мазно огледало. Во него се вудвојува ГОЛЕМ ГРАД.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Писмо, што поскоро писмо до Пелагија! што е со нас, како нѐ пречека мајката Македонија, за палатата во која живееме, за големиот град, за фабриката која има оџак како и туланата во Гаково, ама најмногу за она што е во неа, за семето на Доне и нема да додаде дали нешто чула за него или дали го заушила како прелетува над селото или над полето седнат на аловото веленце.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кажува,вели, голем град, многу народ, пу планините не се загубив, ама овде апансас пак ќе останеше вдовица! и гласно се закикоти.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ништо за тоа кај кого сум сместен, како се прехранувам, и воопшто што правам така сам во големиот град.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чувството дека заедно ќе бидеме во овој голем град и во оваа непозната средина, нѐ исполнуваше со среќа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ама голем град, нечист град... Да не згрешиш душа...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ТЕМКОВИЦА: Костадине, синко. Многу те молам да го поведеш и Славчета.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Доколку сред големите градови бараш некој да ти помогне - црнецот ќе има време за тебе и твојот проблем.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
За разлика од неа, Америка е како некој голем казан во кој се крчка сѐ и сешто: и големи градови, и карпести планини, и длабоки кањони, и бескрајно долги брегови, и огромни шуми, и езера со големи водопади, и непрегледна прерија... а пак нејзиното небо е капак на сѐ!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Најпосле, сосе каталогот, се најдовме во големиот град, во куќата со чардак, крај реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
XXXI Во големиот град требаше да си го запалиме новото огниште на егзилот, да ни биде пријател, заштитник во нашата нова куќа крај реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И ние оста­навме засекогаш во големиот град крај реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Патуваше вовчето крај реката, следејќи го патот на јагулите во реката Дрим, за потем да скршне, кон големиот град, на брегот големата река каде што одново ја загнездивме судбината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ќе се качеше во камионот од другата страна и тогаш ќе се одвезеа во големиот град по долгите улици сѐ додека не доаѓаа до местото од каде што отпочнуваа со работа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дали е тоа поради пријателството со Зоки, или поради тоа што најпосле сфатил дека во големите градови е подобро да бидеш на таван отколку на улица?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Потоа повторно молк со години, и наеднаш нова вест: слушнале од некого оти божем ја видел од далеку во некој голем град, но дали била токму неговата исчезната жена или некоја слична на неа мустра, сведокот за жал не можел да потврди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А Русија не е земја за една недела или за еден месец да ја поминеш!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Никаде нема олку голем град што чека да се исели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тинејџерска Ме заболе за родното село на поетот, за неговото сиромашно детство, за седумте браќа и сестри, за школото на десет км. од дома, за првата писмена по литература, за овците, полињата, шумата, гората, за првата љубов во градот со гимназија, за наградената песна набргу објавена, за студентските денови во големиот град, за Есенин, за опивањето, за истакнувањето, за првите дваесет генијални стихозбирки, за наградите, спомениците, венците, за цветната палата во елитниот кварт, за неговата отсутна сеприсутност (дури и по неговата задоцнета, гласна смрт).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
„Тоа е проблем на секој голем град.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Вревата во големите градови речиси ме полудува. Прави панично да трчам по улиците барајќи го мирот во некое скриено ќоше за кое знаат само уличните кучиња, бездомниците и најочајните наркомани.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Шо вели? - Ами ти, бре жено, знаеш ли колку голем град е тој Детроит?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Детроит, еден голем град во Америка, како да ни беше тука некаде во близина на селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)