Црната коса на големата глава стоеше како руно, шарените биволски очи влеваа страв на секого што ќе го погледаа, црните мустаќи му ги покриваа дебелите усти и висеа надолу како два пискула од црвени кочани, а во устата се гледаа големите бели заби.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Flagellum Dei, Јас, Атила, Малиот татко на Хуните, дојдов да ги растресам сите народи, да ги бичувам сите земји и сите мориња и брегови, да ги спепелам сите градови, да ги разурнам сите мостови, да ги уништам сите семиња и плодови, да ги убијам сите жени - од мојата Ата почнувајќи...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Јас, Атила, снизок и со голема глава, со ситни очи, со ретка брада и со сплескан нос, не знам ни да читам ни да пишувам, но војните, ограбувањето и огнот - многу ги сакам.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Во давеникот ќе ја препознае „големата глава на Рибоокиот“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во давеникот ја препознав големата глава на Рибоокиот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Бил кимна со големата глава во правец на кулата со екранот, која сега личеше на гранитна шахта, но која всушност беше дрвена рамка потпрена на масивна основа од ѕидана конструкција, бочно обложена со танка цементна кошулка.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Важи?“ рече обраќајќи му се на проќелавиот со галичката како од тули направена голема глава.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Директор: Следи објаснување со синоними-лапач, арамија, чауш, буџован, голема глава. Еволуира во менаџери и јак чоек.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
- Качак ! грлено го извика неговиот стопан кога го виде како заостанува веднејќи ја големата глава, обрастена со сребреносиви влакна.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Марко седна на клупата зачуден од невозможно големата глава на коњаникот и си рече дека самиот господ го обележал, и дрвен, Зошто е од Кукулино, челото му беше јазливо.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кучето само ги спростре шепите напред, ја стави големата глава врз нив и остана така, неподвижно.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Има голема глава, кусо дебело тело, има цик-цак шарка на грбот и мало рокче на устата. Таа може да се џирка и затоа се вика џиркалец...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Да ѝ помогнеме? - Ќе го сториме тоа, - се согласив. – Човечецов ќе го качиме на остатоците на Мортенија и ќе го пуштиме да го носи реката.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Големата глава соласна, се спури зачадена, а многуте очи, од кои пред тоа зрачеше зелена, сина и црвена светлост, се изгаснаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Фрлаа луѓето на нив сѐ што ќе најдеа: врела вода, жива вар, пепел, сода; им ги чадеа патиштата со слама, со папрат, со лепешки, со козина, со ќуќур; едни пцовисуваа, а други пристигнуваа; ги имаше од сите погании: црни, жолти, кафеави, со големи глави, со големи нозе, со крилја, без крилја, со крст на грбот или без крст.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Го убиле, го убиле, тагуваше тој и ја нишаше големата глава. - А се бореше против анархистите.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А зад овие се потпираше на масата пијан амал, говореше сам со себе и со мака држејќи ја големата глава на жилавиот врат пијано гледаше во петте празни чаши пред себе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тоа беше Кузман, осумнесетгодишно момче, високо и танко како стебло, со долги млитави раце и голема глава.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Колку ќесија зеде, а? – и почна да му ја тресе големата глава од која падна црвената чалма. – Ама, кади-ефенди!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Додека ги слушаше одговорите се муртеше, како да не одобрува нешто. Мрмореше и ја нишаше големата глава.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Качак! грлено го извика неговиот стопан кога го виде како заостанува веднејќи ја големата глава, обрастена со сребреносиви влакна.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Цане ја тресеше големата глава и се смееше; во тоа смеење имаше нешто чудно, повеќе необјасниво отколку навредливо.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Косата ѝ беше кратка, бела и кадрава, така што рамномерно ѝ ја опкружуваше големата глава.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Мачката сето тоа време мирно си седеше врз долапчето и посматраше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Знам: булдок има голема глава како старец, клапнати виснати образи како старец, клапнати уши, куса опашка, кожа светлива, без влакна.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)