Колку и да успеваше да ги крие и најголемите емоции во животот, Татко, овој пат, не можеше да ја скрие својата голема возбуда.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Меѓу ослободените книги, открив, на моја голема возбуда, и неколку сиџили...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
„Песна е“, потрети со голема возбуда соседот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Во едно семејство се родиле братче и сестриче - почна Вера, а во гласот и се слушаше голема возбуда, толку голема што некои зборови ги изговараше до половина.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Во голема возбуда тој се обѕрнуваше зад себе да провери до каде се другите што го следеа а потоа одново продолжуваше да лази, чипчејќи се со раскрвавените прсти за карпата, за коренчињата, за стебленцата...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Наведнат, почувствував како ме поткрева чукањето на срцето, големата возбуда, која мислев дека ќе ме строши.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тоа беше голема возбуда, но промената беше таква што одвај се забележуваше и ние продолживме со нагаѓањата: ќе смени сосема брзо, не ќе смени, ќе сврти на песочна, не ќе сврти.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Последната што се водеше во една куќа близу до установата на милосрдните сестри предизвика голема возбуда кај нашите калуѓерки и кај морнарите од ’Гвадалкивир’, кои мислеа дека се цел на заговорниците (во случајов се мисли на Орцевата акција).
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Жените ги бришеа солзите, дедо Димо го гмечеше луленцето, а прстите му трепереа и никако не успеваше да го запали, а Денко и Бојан, главните јунаци на оваа свеченост, не успеваа да ја скријат својата голема возбуда.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Истовремено ја обземаше голема возбуда што, ете, тргна во светот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Везирот го викна кај него, му рече да го симне турбанот и со голема возбуда му рече да застане до Анѓа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сето тоа го рече со една таква голема возбуда, радост што беше неможно да не му се верува.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Многу се разлути кога, поради големата возбуда или преголемата смрдеа, го промаши дивјакот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Франција, со голема возбуда и со восхит го откри Луан Старова, исклучителниот романсиер, тешко сведлив на рангирања но, сепак, извонредно ситуиран во балканскиот свет успевајќи, низ својата поетска визија, да ни предочи силни искуства.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нашата голема возбуда ја запре татко ми кога тивко рече: – Чанга сигурно ја избрал смртта, или пак патот што сигурно води кон смртта, со малку надеж за спас, за излез од Калето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тетка ја сети мојата голема возбуда кога го спомна живиот гроб на мајка си. И таа би возбудена.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко со голема возбуда го слушаше Игора Лозински и во него уште повеќе зајакнуваа неизбежните асоцијации со судбината на луѓето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
– Штом ти го покажав писмото- покана за Италија и ти со голема возбуда го прочита, те озари некаква светлина во лицето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)