Таа не можеше да ја следи татковата стратегија во однос на балканската книга, не беше уверена дека целта им беше заедничка...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И јас, во својата потрага по излези од балканската историја, го споделував нивниот пат, барајќи излез со животот што беше пред мене, со делот што ми престоеше во мојот дел на лавиринтот, посебно во моите дипломатски години, кога судбината ме доближи до големите владетели и во нивните судири со историјата, во нивните долги престои во лавиринтите на владеењето, кога на крајот завршуваа како неизбежни жртвени јарци на историјата, верувајќи дека се нејзини победници, избраници - или од народот или од Бога!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)