голем (прид.) - височина (имн.)

Но мускулите ми се ослободуваа од грч, сонцето не беше на голема височина и не се криеше под јакуцка на магла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му се чинеше дека седи на некоја голема височина, а под неа опасно се лула на своите патриви нозе камилата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Левата плешка уште ме болеше од секирата на која лежев крај огнот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ова дете ќе се искачи до големи височини, рекол Турчинот, и кога ќе стаса најгоре, ќе падне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На врвот: карпести ѕидини , тврдина поставена на голема височина, во која сѐ има свое значење: Секој карпест стол или престол е направен со посебна цел.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Оваа помисла ја прифатив како потврда на моето мислење дека од таква голема височина некои навидум ситни нешта не втасуваат до нашето око.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)