голем (прид.) - важност (имн.)

Она што го правевме тогаш, преку изложби, хепенинзи и мурали, беше од голема важност, пред сé за самите нас, но и за јавноста чија потреба од свежина во ликовниот живот беше очигледна.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ваков вид на студии, кои не се ограничени со крути претстави за етапите, туку кои имаат за цел систематично да ги истражуваат промените во концептите на преведувањето, со голема почит кон системите на знаци што ја конституираат дадената култура, се од голема важност за студентите на Trans- lation Studies.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Други конструкциски детали почнаа да му светкаат во мислите и секој детаљ беше откритие и од голема важност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во таа ситуација, за британскиот Форин офис биле од голема важност информациите на британските воени мисии што престојувале во Македонија, имајќи го предвид развојот на политичките собитија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нивните извештаи станале особено актуелни кога "воскреснала" идејата за обединување на Македонија, а секако и поради информациите за можноста да се формира југословенско-бугарска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Грчка Македонија е најбогата од грчките провинции и е од голема важност за Грција поради нејзините жита, пасишта, тутунска индустрија, сè уште целосно неискористените минерални ресурси и нејзиното цврсто селско население".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сметале дека „солунската област е важна за одбраната на Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За Кулик- личноста беше од голема важност да не ја прифати одговорноста за однесувањето на своето второ јас, Кулик-песот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)