Беше сосема сигурна дека ова е само затишје пред некоја голема бура.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ела бре и ти едепц'з да го давам и тебе некој шеќер да се облажиш или да залажиш некој чупа, — му се обрна Адем и на Толета, кој застана крај ноќвите во ќошот и претчувствуваше голема бура.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Луѓето почнаа да се дават и да пливаат, но тогаш голема бура се крена на морето и голем бран стана и нѐ понесе понатаму, кон брегот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Голема бура беснеела во пустињата. Еден бедуин се одкинал од карванот и залутал, го изгубил патот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се вели во времето на тој и тој, во времето на големите бури, во времето на таа војна, во времето на тие и тие болести.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)