Сега тој беше сам, во големата борба со отоманското време...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Градот, кој ги бележел своите почетоци уште во времето на Римската Империја под името Скупи на левата страна од реката Вардар, станал и легионерски центар (13-11 година пред новата ера) во време на владеењето на Октавијан Август.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ниту неговите соборци, ниту неговите потомци, не можеа да ја продолжат големата борба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше јасно дека Татко во градот крај реката која се влеваше во блиското Средоземно Море и беше вистинска раскрсница помеѓу Европа и Азија, ќе се најде на мегданот на големите борби за превласт помеѓу големите европски истории, коишто на траен начин ќе ја обележат балканската историја, но и историјата на неговото семејство во егзил.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ќе ја добиеме последната битка во големата борба за „спасување на душите“, дополнуваше генералисимусот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Втората свеска од Дневникот, голем формат, од околу 200 страници, нападно озаглавена со црн туш како Без преживување нема уметност со распон на дати од почетокот на јануари 1951 па до средината на осмиот месец во 1953, ја одразува големата борба љубопитното дете да се осознае себе, да го совлада она што му го одзела војната, а во исто време да импрегнира толку многу настани, приказни, судбини што постепено ќе почнат да се преточуваат и во поинакви форми.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ја симнаа кутијата – радио и го снема гласот на двете жени кои секој ден во исто време, напладне, во дванаесет часот, почнуваа да гласат за големите борби и победи на ДАГ.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Им зборуваа за големите борби во кои победуваат само нашите, ама за да ја биде борбата пократка и побрзо да дојди победата, треба и тие да одат на помош.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тогаш се водеа големите борби на Грамос.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не можеше да се рече дека по волја ги здружил животот, очевидно голема борба, големи спомени беа во тоа пријателство на Аритон Јаковлески и песот. (Пес со човек лесно не се врзува).
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но ваму е доста тешко ... Нѐ очекуваат големи борби ... - Ако, ако учителе ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Советските браќа ја продолжија големата борба во изградбата на новото општество од значење за човештвото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)