На 15 август се славеше Голема Богородица - најголемиот празник во Крчишта. Се славеше и во турско и во грчко.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Денес е четиринаесетти август. Утре без борба ќе го прославиме празникот Голема Богородица.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тетка Перса не ѝ кажа зошо токму во Света Богородица кога Света Мина е поблиску, веројатно што обесчествувањето се случило на денот, на нејзиниот ден, на нејзиниот Голем ден! На Голема Богородица!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Петнаесетти август. Во цела Грција се слави празникот Голема Богородица.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Доаѓа Голема Богородица, како што рече онаа жена, големиот празник, и зарем не би било најдобро токму пред празникот да се залее првата кофа!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
______
7
Пелагија не ќе се ни сетеше дека наближува Голема Богородица ако мајка Перса не споменеше патем додека пиеја кафенапред во дворчето околу малечкото масиче, додека Пела клечеше пред Мурџо малку потаму на патеката и го караше што не оди да си прошета, таа е веќе голема, ете уште неколку дена и ќе оди на училиште и тој таму не ќе смее да биде со неа оти кучиња, мачиња и други животинки не пуштале да седат со децата, навикни се да бидеш малку са, му велеше и нејзиното гласче одвај стигнуваше до ушите на Пелагија за да ги покријат зборовите на мајка Перса која кажува дека по четири дена ќе биде Голема Богородица.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
На голема Богородица дојде сликар и ги сликаше жените, потпрени на рамото од своите мажи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)