Татко имаше податоци дека, на овој простор, се наоѓала и голема библиотека.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ние си ја замислуваме меморијата како магацин на ставови и ликови, како еден вид голема библиотека или чувствителен кабинет од претстави.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Уште тогаш ќе ја фасцинира големата библиотека во сарајот со книги од сите времиња, во разнобојни кожни рува, свето вардена и зголемувана во текот на векови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Авторот на книгата, писателот и историчар Леон Каин (1841-1900), професор на Сорбона и конзерватор на големата библиотека во Париз Мазарин, во 1899 година го запознал младиот албански полиграф и полиглот Фаик Бег Коница (тогаш 23-годишен), со завршени филолошки студии во Франција, кој совршено го владеел стариот и новиот француски јазик, потоа неколку балкански и европски јазици, старотурски и новотурски, санскрит и други јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
По големата погибел на Евреите на Масада 73, Хадријан пристигна во Атина, му принесе жртва на својот бог, ја бакна земјата под Акропол и извика: sacra populi lingua est.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Сега, од големата библиотека што ја изгради Тој останал само еден изгорен столб поцрнет и од времето и од огнот и сенка на голем коњ се ниша меѓу урнатините.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Обајцата беа свесни дека секоја голема библиотека во светот настојува да се спаси со спротивставувањето на губењето на меморијата, на нејзиното враќање таму каде што е целосно исчезната или се навестува нејзиното исчезнување, да се спаси конечно од губењето на нејзиното значење за човекот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Имав еден роднина кој имаше голема библиотека и атеље, јас таму се завлекував, фасциниран, и така...
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)