голем (прид.) - амфитеатар (имн.)

Климент Камилски со нов елан на мислата продолжи: Реков во големиот амфитеатар на Сорбона, пред угледните професори, дека новата наука за детето, претпоставува теоретски и практични познавања од психолошка и педагошка гледна точка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Намачениот фијат запре пред една голема римска арена со голем амфитеатар, беспрекорно сочуван, веројат­но единствен од такви големини на Балканот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)