Нивните епитафи беа поставени на големите заштитни ѕидини, на големите камени блокови кои, така составени, претставуваа делови од разни писма.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Куќите расфрлани насекаде без ред, односно беа изградени таму каде што се нашло малку рамно земјиште, низ удолнините и угорнините, но како целина селото со големите камени куќи беше глетка што при секое доаѓање во него ти предизвикува неповторливи чувства на восхит, убавина, исполнетост...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Се мачам да ја чујам пораката на големите камени блокови на Мијачијата, се мачам да сфатам како свеста се пресоздавала во материја, но материја - која тихува!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тогаш со криковите на нашите детства како да сакавме да ги надгласиме чавките сокриени во крошните на големите тополи, потем во очите на тврдината издлабени од времето, во големите камени столбови.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Овој народ небаре заборава дека денес сите народи како да се на маргините, зашто, всушност, не постои центар!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)