- Голема е Русија, - вели Пискулиев. - Има да земаат, има и да остане.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Голема е оваа книга што ја листа тој несвесно.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Пригушнат до гробот, тој молчи и чиниш во молчењето сака да ја најде душата на Ѓорѓевица за да ѝ каже колку му е тешко без неа, колку е несреќен во осамата и колку голема е неговата болка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Еј, Русија, бре, парвата земја на соцјализмо е таква, пролетерцка!!!... А знаеш ли ти, келку голема е Русија?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Може, делумно или целосно, да зафати една, неколку или сите единки.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Голем е гревот на мојот мрачен обид да ги сквернавам нашите легенди.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
„Голем е Господ“, ќе речеше татко ми, ќе го извадеше ќесето од џебот во џамаданот, ќе му го подадеше на дедо и ќе му речеше: „Еве, татко, толку можев, толку донесов!“
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- Големото е во духот. - Тие не се твои зборови, мили. Во книгите има многу лаги.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Можеш да се прскаш со црево ако баш запече, можеш да си играш со Бак, големото куче болчјак, можеш дури и да исчезнеш некаде низ собите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Пријатно е во нивната куќа. Голема е, дворот е убаво уреден, над терасата има лозница и сенката е дебела, па не е жешко како кај нас дома во станот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Шепнав: Убава си жено. Големо е задоволството за оној што те поседува.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Кружниот пат долж брегот на полуостровот е проширен и асфалтиран, начичкан со мноштво кафеани, таверни, кафулиња, ресторанчиња и мали продавници и покрај 70 – православни цркви, повеќето постари од петстотини години и изградени во византиски стил, претставува големо туристичко доживување и завршува пред малиот плоштад во чија средина во природна голема е поставен споменикот на владиката Каравангелис на чии гради со црна боја е испишано – крвник.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Голема е таа угорнина и кривината остра..
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Ја би реко би, вели Спасое и се кочопери над мене, Голем е Спасое, неизработен човек. Може со сенката да те турне на земја.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)