голем (прид.) - бев (гл.)

Уште ако ја дадеме неговата јако развиена телесна градба ќе ни биде јасно зошто толку голема беше неговата фигура во очите на тие што имаа работа со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа беше војводата Петре Адев од село Ореовец, Прилепско, бивш учител и организатор, потомок на Ацета Симоновски убиен од турските зулумџии, и брат на Мирчета и Гога Ацеви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Голема беше листата на арапските зборови вселени во турскиот јазик, но Татко ги кажуваше само најчестите, голем дел во употреба во балканските јазици: абдал, абраш, ава, адет, азно, азар, ајан, ајван, ак, акал, акреп, ал, алат, алва, алка, амајлија, алва, алис, алка, амајлија, амал, амам, аман, аманет, амбар, антерија, ап, апс, апсана, арам, арач, асија, асли, астар, атер, аџаба, аџамија, ашик, ашиш, ашуре, бајат, бакам, бакла, баклава, батал, бедел, бедевија, беља, берат, бериќет, бина, боранија, будала, ваде, варак, фарак, вилает, гајле, гајда, гајрет, галиба, гараз, гурабија, гурбет, даире, дајре, дара, декика, дереџе, деф, дивит, дуња, дуќан, ѓаур, ѓезве, елбете, енфие, ербап.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Навистина, голема беше веројатноста дека ќе беше така. Тоа го дознав утрото.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На врвот од големиот беа запрени неколку птици.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Колку голема беше радоста кога доби известување дека е примен да студира на YALE со целосна стипендија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На потсмев голем беше изложен отец Стефан Писмородецот (сега и од тука натаму Лествичник), и јас, иако не можев да го сакам, сепак го сожалував, оти од височини највисоки падна, како црн ангел согоре и се пеплоса.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Логотетот изгледаше страшно. На искушение големо беше ставен од мудрите зборови на Филозофот, но се боеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неверојатно голема беше вербата на тоа девојче кое имаше само шест години.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Долга, голема беше пустината и си мислиш дека нема крај.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еднаш дури и запеа, така во сонот, проклет да бидам, голема беше нејзината мака, душата ја болеше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Точно велиш, големо беше Еврејското маало! Многу куќи! Во која да влезеш!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А потоа, не си сигурен од кој ѕид да почнеш да раскопуваш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Требаше да ме видите како минував низ Широк Сокак кога корзото на големо беше во тек, со патната торба во десната рака и со неколкуте големи парчиња ѓон во левата што ги стегав до срце како да се, во најмала рака, чисто злато.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)