Грди дебели полицајки трчаат голи по ливадите и ловат пеперуги со мрежести хулахопки (теренот е безбеден: специјалната единица за борба против шаренило веќе ја искоси тревата и ги искорна цвеќињата)
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
ГО - Еден ден М. Горки го видел Гогољ како игра шах со Ван Гог. „Знам една слична кинеска игра, ГО“, рекол Горки. „Се однесуваш ко горила, Горки!“, рекол Ван Гог. Тогаш случајно поминал и Гоја. „Си почнал да се гоиш, Гоја? Да не играш многу голф?!“, рекол зајадливиот Гогољ. „Ништо не е тоа во однос на Де Гол кој оди ’ор гол по мостот Голден Гејт!“, рекол Гоја. „Која година е ова?!“, прашал уште еден случаен минувач, филмскиот режисер Годар. „Ти годи да поставуваш вакви прашања?!“, му рекол зајадливиот Гогољ на Годар. „Ова е ко некоја готска приказна...“, промрморел во себе навредениот Горки. 42 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)