гол (прид.) - падина (имн.)

Расте тоа на Копанче, на голите падини на Горуша и Круша и отаде - под ридовите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Требаше да се населат голите падини со нашата крв со нашата нежност со нашата омраза.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тука, за последен пат, прездивнува, фрла последен опул наназад, на населбата во Потковицата и по голите падини на ридот, одејќи право прудолу, се сименува во Тополчани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)