Првите ја вадеа рудата од тунелите, а жените, и децата од дванаесет годишна возраст со чеканчиња ја чистеа во бараката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
64. Александар Обреновиќ (1876-1903), кој на 13-годишна возраст го прими кралството во Србија, а на 17 години изврши државен удар и воведе автократски режим што доведе до акцијата на офицерите-завереници на 28/29.5.1903 год., кога тој и неговата омразена жена Драга Машин беа убиени и исфрлени низ прозорецот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Моите почетоци со алкохолот се поврзани уште во раната младост, некаде на 9-годишна возраст кога од радозналост пробуев од домаќото вино на дедо ми чисто ради циркулација и да се види како е да бидеш муж.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
На триесет и пет годишна возраст тој веќе таложеше сало на вратот и околу половината, но неговите движења беа отсечни и младешки.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
По матурата Марсел Дишан заминува за Париз кај братот Гастон.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Од него тој на 11 годишна возраст научил да игра шах.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Веднаш по доаѓањето на престолот, на 20 годишна возраст, Александар III Македонски (336-323) прво ја обезбедил македонската управа во Тракија и Илирија и во 335 г.пне. ја спречил побуната на елинските градови држави (Теба, Атина и др.).
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Јас сум жена, оставена жена... и чувам едно дете без мајка, тоа дете го зедов на 4 годишна возраст и го одгледувам како можам и умеам... но, еве, животот не прегази финансиски, па јас дојдов овде кај вас да прашам дали вие некако ќе ми помогнете, барем да го истуркам девојчето да заврши средно школо... ме разбирате... - веќе со видно вознемирен глас и солзи на очите, почна да ги испрекинува зборовите.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Изрично се забрани прераспределба на работните часови за неколку категории на работници и тоа: (1) помлад работник; (2) работник – инвалидно лице; (3) бремена работничка; (4) работник кој постојано се грижи за дете до три годишна возраст и (5) работник – самохран родител кој постојано се грижи за дете помладо од 15 годишна возраст (чл. 25 од ЗИДЗРО/фев.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Сепак, на 18-годишна возраст го напуштив Универзитетот по две години студии, не верувајќи во ништо што ме учеа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Неколку редови од Атеистичкиот музеј во кои се повикувате на вашиот татко:
Тој конечно и неотповикливо реши да ја напушти родната земја, своите блиски, својата куќа, земјата крај Езерото.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Меѓу другото, тоа е и случајот на мајка со дете до три години старост и на самохран родител со дете до шест годишна возраст, „освен ако работникот даде писмена изјава дека, доброволно, се согласува со прекувремената работа“ (чл. 120, ЗРО/05)!?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Сакаше посебно да го нагласи овој дел од разговорот, па продолжи: – Првото мое бегство беше во Турција, на мојата 17-годишна возраст!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А, пак, во поглед на старосната граница на интер- вјуираните работници-тужители – највозрасниот, во моментов, има 70 години; а најмладиот е на 28-годишна возраст.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)